Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Опасно дивеење на патот: Девојка приведена откако со 174 км/ч била фатена на радар на место каде што се возело 80

На 08.12.2025 година во 15:45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, кај наплатната станица Тетово на патниот правец Гостивар – Тетово, лишиле од слобода 35-годишна жена од Гостивар.

При сообраќајна контрола со радар било утврдено дека таа управувала патничко возило марка „ауди“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час, на делница каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица, а против неа ќе следува пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК