Centar.mk
СВЕТ

Милијардерот Бабиш е новиот премиер на Чешка

Чешкиот претседател Петр Павел го назначи Андреј Бабиш, лидерот на движењето „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО), за премиер на републиката, објави CT24.

Во октомври, партијата АНО на Бабиш победи на чешките парламентарни избори, освојувајќи приближно 34,7 отсто од гласовите. После тоа, претседателот му ја довери задачата да преговара за формирање нова влада.

Бабиш (71) е политичар милијардер: Форбс го проценува неговото богатство на 4,3 милијарди долари. Тој беше ко-сопственик на холдингот „Агроферт“, кој управува со повеќе од 210 компании во различни сектори, од земјоделство до обновливи извори на енергија и медиуми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан посака Европа да се врати на здравиот разум во 2026 година

C +

Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж

C +

Положи заклетва: Мамдани официјално е новиот градоначалник на Њујорк

C +