Centar.mk
ЛОКАЛНО

Инвестиции во основното образование во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на ООУ „Елпида Караманди“ каде изминатиов период беа извршени повеќе реконструктивни зафати, со цел подобрување на условите за одвивање на наставно-образовниот процес.

Директорката на училиштето Емилија Николовска-Спировски го информираше градоначалникот за тоа дека во текот на учебната година успешно се реализираше реновирањето на две училници, еден специјализиран кабинет и дел од училишниот двор.

Со реконструкцијата и уредувањето на училниците, се направи целосна замена на подот, при што постојната подна површина е заменета со нов линолеум под, со што се обезбедуваат подобрени услови за одржување и хигиена. Поставување нов намештај, односно нови ученички клупи и столчиња, кои нудат поголема удобност и ергономија за време на наставата. Реновирање на санитарниот дел во училниците, при што се заменети плочките и санитаријата, со што се подобрени хигиенските стандарди и функционалноста.
Исто така информираше и за реновирањето на кабинетите по хемија, биологија и природни науки. Моментално се изведуваат активности за поставување нови подни плочки, со што ќе се обезбеди лесно одржување, поголема отпорност и соодветна опременост за лабораториски услови. По завршувањето на подната реконструкција, кабинетот ќе биде подготвен за понатамошно опремување и подобрување на наставната практика во природните науки.

Во училишниот двор е изграден мини забавен едукативен парк, наменет за игра, дружење и учење преку активности, а содржи простор за играње шах, полиња за „Не лути се човече“ и детска игра „Царица“.

Овој едукативен простор придонесува за развој на логичко размислување, тимска работа и социјализација кај учениците и претставува значајно збогатување на надворешната средина на училиштето.

Градоначалникот Коњановски изрази задоволство од реализацијата на зафатите и потсети дека Општина Битола високо на својата агенда го има инвестирањето во образованието во соработка со надлежното министерство.

Можеби ќе ве интересира

Битола: Со златен медал во ката тим се закитија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски со што обезбедија пласман за Европското првенство во ката тим мажи кое ќе се одржи во Лимасол, Кипар

ДЕСК

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта,

ДЕСК

Ѓорѓиевски оствари работна средба со амбасадорот на Франција

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.