Centar.mk
СВЕТ

ЕУ отвора истрага против „Гугл“

Европската комисија отвори истрага за „Гугл“ за прекршување на антимонополските правила на Европската Унија во врска со неговата потенцијално несоодветна употреба на онлајн-содржина за генерирање резултати од пребарување со вештачка интелигенција, како и видеа поставени на нејзината јутјуб-платформа.

Истрагата ќе утврди дали „Гугл“ ги крши антимонополските правила на ЕУ со тоа што не ги компензира соодветно креаторите на содржини или им нуди можност да се откажат од користење на нивната содржина за резимеа генерирани од ВИ, без да го изгубат пристапот до пребарувачот на „Гугл“, соопшти Комисијата.

Издавачите ги критикуваа резултатите од пребарување генерирани од ВИ затоа што „Гугл“ првин прикажува резиме на нивната содржина наместо директна врска до нивните веб-страници. Ова го намалува нивниот сообраќај и затоа предизвикува пад на приходите од рекламирање на нивните страници.

Комисијата исто така ќе го истражи користењето видеа поставени на неговата јутјуб-платформа од страна на „Гугл“ за обука на модели на генеративна вештачка интелигенција, без соодветна компензација за креаторите на видеа или можност за откажување.

Комисијата веќе почна неколку антимонополски истраги против „Гугл“ за наводна злоупотреба на неговата доминантна позиција на пазарот, од кои некои резултираа со големи казни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Орбан никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ, јас сум со него до крај

C +

Шефот на „Шел“ предупредува: Европа може да остане без гориво за неколку дена

C +

Историска пресуда во САД: „Мета е одговорна за штетата предизвикана врз децата“

C +