Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ во одбрана на Томовски: Децата на Заев продолжуваат по истата матрица: бегање од одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што ја разградија државата

По прес конференцијата на СДСМ во која беа изнесени сериозни обвинувања, реагираше и ВМРО ДПМНЕ со соопштение, кое го пренесуваме интегрално и во целост:

Криминалниот и скапо платен центар за заевизација повторно е активиран за да го прикрие криминалот на семејството Заеви и нивниот невоспитан и недостоинствен начин на живот.

Децата на Зоран Заев денес продолжуваат по истата матрица: бегање од одговорност, агресивна жртвена реторика и обиди за дефокус од аферите што ја разградија државата.

Предавничкото СДС досега го достигна својот максимум во две нешта: прототипски и празни реакции кои никого не убедуваат и историски најнизок рејтинг од основањето на партијата. Денес СДС вреди едвај околу 100 илјади гласови, мерка за политичка пропаст и јавна недоверба без преседан.

Во однос на нивниот денешен простотилак, нема што да се одговори. Кога човек ќе види колку длабока е политичката и моралната деградација во која тоне ова раководство, останува само едно да се каже: Бог да чува од полошо.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +