Centar.mk
Uncategorized

СДСМ: Македонија – црна точка, програма на ВМРО-ДПМНЕ 2030!

Соопштение на СДСМ:

Вчера дознавме две важни вести. Грција, Бугарија и Романија потпишаа Меморандум за коридорот Црно Море – Егејско Море или север-југ кој значи модернизацијата на стратешката инфраструктура за овој коридор, железнички, патни, пловни. Ова значи дека сите од ЕУ ќе ја заобиколуваат Македонија.

Нема да има прилив на пари од транспорт низ земјава, помал прилив на пари од патарини, од точење бензин итн.

Втората вест е програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Што имаат заедничко двете вести? Македонија – црна точка.

Овој знак е одамна речиси исчезнат во ЕУ, но на големи врати се враќа во Македонија.

Тој означува место со висок ризик за граѓаните (возачите). Како кратка делница на патот кон ЕУ, која најчесто е изолирана, најмногу од Европската унија и демократскиот свет, а многу често и од сопствените граѓани! Поради криминал, корупција, сиромаштија…

Некои ова место често го нарекуваат и обиколница.

Ова е само дел од програмата на ВМРО -ДПМНЕ „Македонија 2030“, претставена вчера на Конгресот во Кавадарци од стариот/новиот будимпештански шоферски тандем, зад воланот – Груевски/Мицкоски (како некогаш многу популарната серија „Камионџии“).

Ова сигурно нема да им одговара на граѓаните на Македонија, но ќе биде добро за мигрантите –„сообраќајот“ да не ги вознемирува.

Можеби ќе ве интересира

Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

ДЕСК

Тошковски: До 2050 – нула жртви во сообраќајот во Македонија

ДЕСК

Мицкоски најави проветрување во Владата: Беким Сали и Мухамед Хоџа ќе бидат нови министри, напролет ќе има промени во Владата и државните институции

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.