Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Британската амбасада ја потврди соработката за мигрантите, кој сега лаже?

Соопштение на СДСМ:

Изгореа лагите од кујната на ВМРО-ДПМНЕ.

ДПМНЕ вчера ги нараче „фантазија на СДСМ“ пишувањата на британски медиуми дека има соработка меѓу македонската и британската влада за прифаќање мигранти .

Дури рекоа дека сме биле подготвени да измислиме „колонизација на марсовци во Македонија“.

Еве денеска, Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција.

Кој сега лаже? ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш.

А кој лаже тој и краде! А тоа особени се гледа овие денови.

Очигледно лажниот патриот Мицкоски, кој се колнеше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти.

Додека на големо го крадат народот преку милионски тендери на нивни фирми ова е ново предавство на Мицкоски и неговата власт.

Ајде да видиме што сега ќе измисли ВМРО-ДПМНЕ. Што ќе зготви следно нивната кујна за лаги?

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК