Centar.mk
СВЕТ

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

На еден од главните меѓународни аеродроми во Бразил изби пожар на авион Airbus A320.

Во моментот на пожарот во авионот имало 180 лица. Сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.

Според првите информации, пожарот избил од колички за багаж паркирани блиску до товарниот дел на авионот, а огнот се проширил под едното крило. Екипажот веднаш го активирал протоколот за итни случаи и ги евакуирал патниците со надувувачки лизгалки.

Аеродромската противпожарна служба го изгаснала пожарот, а авионот бил одведен на понатамошна истрага. Летот бил откажан.

Бразилските власти и Националната агенција за цивилно воздухопловство започнале опсежна истрага за причините за пожарот/Извор:Makfax/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Шпанија нема да ракоплеска на оние што го запалија светот, само затоа што се појавиле со кофа вода

C +

И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

C +

ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

C +