Centar.mk
БИЗНИС

Од 1 јануари се намалува надоместокот за дистрибуција на струјата, останува ЕВН да ги објави финалните цени

Од 1 јануари 2026 година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем „Електродистрибуција“ ДООЕЛ се намалува 3,64 %, надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО се намалува 2,67 %, намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40 % – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Со денешната одлука сите елементи што ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач – ‘ЕВН хоме’ под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од речиси 36 %“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем во крајната цена учествува со приближно 33 %, а надоместокот за користење за преносниот систем учествува со речиси 4 % во крајна цена и цената на МЕМО е со незначително учество од речиси 0,19 % во крајната цена./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

C +

Европската комисија го казни X на Маск со 120 милиони евра

C +

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

C +
error: Соддржината е заштитена.