Centar.mk
СВЕТ

Голема рација во Рим: уапсени 14 лица поврзани со мафијашки кланови

Четиринаесет лица беа уапсени во голема рација на Дирекцијата за борба против мафијата и карабинерите против организираниот криминал во Рим.

Тие беа обвинети по разни точки – обид за убиство, нелегално поседување огнено оружје, обид за киднапирање, изнуда и во некои случаи помагање на активностите на кланот Сенезе, објави „Анса“.

Истрагите на карабинерите на Римската истражна единица, координирани од Дирекцијата за борба против мафијата во Рим, ја открија вината за два обида за убиства во Рим, активности за трговија со дрога и обид за изнуда против златар, кој исто така беше цел на интерес на кланот Ди Лауро, активен во покраината Неапол./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Шпанија нема да ракоплеска на оние што го запалија светот, само затоа што се појавиле со кофа вода

C +

И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

C +

ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

C +