Centar.mk
СВЕТ

Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона, на работ на Националниот парк „Death Valley“.

Пилотот претрпел полесни повреди. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога авионот се урнал и пилотот се катапултирал.

Во објава на Икс, официјалниот профил на американските воздухопловни сили „Thunderbirds“ го потврди инцидентот:

„На 3 декември 2025 година, околу 10:45 часот наутро, пилот на Thunderbird безбедно се катапултираше од авионот F-16C Fighting Falcon за време на обука во контролиран воздушен простор во Калифорнија. Пилотот е во стабилна состојба и добива постојана медицинска нега. Инцидентот е под истрага, а дополнителни информации ќе бидат објавени од Канцеларијата за односи со јавноста на 57-то крило“, рекоа тие./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американска анализа: Украина ја плаќа цената на европската слабост

C +

Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

C +

Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал

C +