Centar.mk
БИЗНИС

Коморите на заедничка маса – во интерес на компаниите во државава

Денеска, 04.12.2025 година, заедничка средба ќе остварат претседателите на трите најголеми бизнис организации на државата: претседателот на СКСМ Азески, претседателот на ССКСМ Ѓорѓиевски и в.д. претседателот на СКСЗМ Алиу.

На средбата ќе се дискутира за постигнување заеднички консензус околу бизнисот, како претставник на приватниот сектор, и Владата како претставник на јавниот сектор и природен партнер на бизнисот. Со таквото заедничко дејствување се очекува да биде подобрена позицијата на бизнисот пред отварањето на крупните прашања врзани за владеење на правото, пазарната ориентација, инфраструктурата, инвестициите и извозот, за што вчера, во името на целиот бизнис, зборуваше претседателот Азески на Македонско-српскиот форум.

Исто така претседателите на трите најзначајни бизнис-организации во државата, јавно ќе повикаат на единство на сите чинители на економските политики, да ја поддржат Владата во насока на отворање на нов инвестиционен циклус и затварање на отворените прашања кои го кочат бизнисот.

фото Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК