Centar.mk
СВЕТ

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за лов на руски подморници во северниот Атлантик, објави британското Министерство за одбрана.

Договорот доаѓа неколку месеци откако беше објавено дека Норвешка купила најмалку пет фрегати од типот 26 од британската група BAE Systems, за сума од 11,5 милијарди евра.

Според условите на новиот договор, кои треба да бидат потврдени денес за време на посетата на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и неговиот министер за одбрана Торе Сандвик, двете земји заеднички ќе управуваат со флота од најмалку 13 фрегати, осум британски и пет под команда на Осло.

Оваа флота, способна за брзо распоредување насекаде, особено ќе обезбеди следење на руските подморници и заштита на британската критична инфраструктура, се вели во соопштението за медиумите, без да се прецизира кога ќе биде оперативна.

Според Лондон, активноста на руските подморници во британските територијални води се зголемила за 30 проценти во последните две години, во услови на зголемени тензии со Москва предизвикани од војната во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК