Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

Алиу со претставници на Светска банка: Презентација на приоритетните области за инвестиции во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка, на кој беа презентирани приоритетните области за инвестиции во здравството, во насока на натамошно унапредување на заедничката соработка. На состанокот присуствуваа Керол Мегеванд, директорка на канцеларијата на Светска банка за Македонија, Река Менон, директор на здравствениот сектор за Европа и Централна Азија, како и други експерти од институцијата.

-Со експертите од Светска банка имаме воспоставено успешна соработка, која во следниот период дополнително ќе ја зајакнеме со инвестиции во различни сфери во здравството. На еден од претходните состаноци заклучивме дека Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Заеднички со експертите ги разгледавме можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси, рече министерот Алиу.

Презентацијата на приоритетните области во здравството произлегува од извршените темелни анализи во секторот, кои ги покажуваат предизвиците и можностите за трансформација на здравствениот систем.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК