Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Се запали автомобил по судар во Кичево – шестгодишно дете тешко повредено!

и ова: На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +

Петрушевски: Денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

C +

Кузеска: Тројанскиот коњ Мицкоски

C +