Centar.mk
БИЗНИС

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива за промена на постапката за утврдување на тарифите за водни услуги и влијанието на соодветните тарифи врз најгорливите проблеми со кои се соочуваат комуналните претпријатија“ во организација на Здружението на давателите на комунални услуги – АДКОМ.

Податоците покажуваат дека актуелниот начин на определување на цената е сложен, финансиски неодржлив, а услугата несоодветна поради што загубите на вода на национално ниво се искачија на 64 %. Анализите на РКЕ покажуваат дека од 79 претпријатија што обезбедуваат водни услуги, за 20 од нив се донесени регулаторни одлуки, при што за 11 од нив советите на општините не дале согласност, а девет јавни комунални претпријатија воопшто не ни поднеле барање за нова цена.

„Целта на ова иницијатива е преку интервенции во законските решенија да се создаде поедноставен, транспарентен и стабилен систем за утврдување на тарифите за водни услуги. Нудиме јасен и едноставен процес во формирањето на конечната цена. Предлагаме кратење на бирократскиот процес, од шест во два чекора, со доставување барање и утврдување конечна цена. РКЕ подолго време алармира дека сегашниот начин на утврдување на цената е неефикасен: се доведува во прашање квалитетот на услугата, дефектите се зголемуваат, а јавните комунални претпријатија се борат за ликвидност“, изјави Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ.

Анализите покажуваат дека од година тана година трошиме поголеми количини вода, наплата се намалува, а бројот на вработени се зголемува.

„Актуелните тарифи за вода не ги покриваат реалните трошоци и затоа јавните комунални претпријатија работат со загуба, па општините се принудени да ги субвенционираат. Последиците се мултидимензионални, а она што е најзагрижувачки е дека поради недостиг на средства, инвестиции нема и процентот на загуба на вода од година на година расте и сето тоа е резултат на старата водоводна мрежа. Со реализација на оваа иницијатива – ќе се создадат предуслови РКЕ да спроведе регулаторни одлуки и мерки, со што ќе се обезбеди самоодржливост на ЈКП на долг рок. Ние дефинираме конечна цена, но предвидуваме и задолжителни средства за инвестиции и го ограничуваме бројот на вработени“, посочи Фатон Амбари, член на РКЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.