Изјава за медиуми, Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ
Од овде, пред Јавното обвинителство бараме да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени.
Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема.
Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага.
Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија.
Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност.
Станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.
Почитувани,
Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари.
Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните.
Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители.
Исти ликови исти шеми. Иста банда!
СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Нема да застанеме.
Работата се уште не е завршена.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


