Centar.mk
СВЕТ

„Волстрит џурнал“: Европа ги попречува обидите на Вашингтон и Москва да ја прекинат војната

Лидерите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одамна ќе постигнеа договор за решавање на конфликтот во Украина доколку не беше интервенцијата на европските земји, објавува „Волстрит журнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со дипломатските контакти.

Според весникот, француски функционер изјавил дека компромисот меѓу Москва и Вашингтон ќе бил постигнат „доколку не биле Европејците“, посочувајќи дека токму европското инсистирање на поцврста линија ги спречило двете сили да се зближат.

Изворот на медиумот, исто така, наведува дека Европа сега „се пронашла себеси“ бидејќи Вашингтон постепено го намалува својот ангажман во регионот, што, како што објаснил, значи дека европските земји мора да преземат поголем дел од товарот и сè повеќе да се потпираат на сопствените капацитети.

Весникот, исто така, потсетува на претходната оценка на британската аналитичарка Емили Ферис, која истакна дека разликите во пристапите на САД и Европа се последица на желбата на Трамп да постигне договор, додека европските влади остануваат порезервирани и скептични кон каков било компромис со Москва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК