Руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, попозната како „Сатана II“, доживеа уште еден неуспешен тест. Хиперсоничниот проектил, честопати опишуван како најсмртоносното оружје на светот и способен да носи нуклеарни бојни глави, експлодира и се урна само неколку секунди по полетувањето од полигонот „Јасни“ во рускиот регион Оренбург, објавија странските медиуми.
„Сармат РС-28“ наводно скршнал од курсот исфрлајќи црни облаци од чад пред огнените остатоци да се срушат на земјата. Ракетата се урнала во близина на лансирната рампа создавајќи огромна огнена топка и исфрлајќи необичен чад во небото.
Ова е петтиот неуспешен тест лет за стратешката ракета, што ѝ предизвикува главоболки на Москва. Да потсетиме дека за време на претходниот тест во септември 2024 година ракетата експлодира во космодромот „Плесецк“, речиси 800 километри северно од Москва, оставајќи зад себе огромен кратер./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


