Centar.mk
Фото Владина прес служба на Израел
СВЕТ

Нетанјаху: Израел бара демилитаризирана зона од Дамаск до Хермон за договор со Сирија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека е можен договор со Сирија и дека очекува сириските власти да воспостават демилитаризирана тампон-зона од Дамаск до планината Хермон и околните подрачја.

Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е важно Израел да одржува силен и искрен дијалог со Дамаск.

Сирија формално не го признава Израел, кој ја окупирал и анектирал Голанската висорамнина. Нетанјаху рече дека Израел ги контролира тие области заради безбедноста на своите граѓани и дека договор е можен ако има добра волја и разбирање на принципите што ги поставува Израел.

Трамп го поддржува новиот сириски лидер Ахмед ал-Шара, но Израел изразува загриженост поради неговите претходни врски со исламистички милитанти. Пред четири дена, во израелски напад на југот на Сирија биле убиени 13 Сирци, јавија сириските државни медиуми, а израелската војска соопшти дека цел била либанонска исламистичка група. Нетанјаху денес ги посетил ранетите војници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК