Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Ѓорче Петров: Започна изградбата на нова детска градинка во населба Дексион

„Jа користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во градинките да се решава. Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно коешто ќе има потреба од сместувачки капацитет ќе го има и истиот, и тоа е во насока на пролајф или про семејните политики на оваа Влада, бидејќи вие не можете да работите на кампања за зголемување на фертилитетот, а од друга страна да не ги овозможите сите услови за да можат дечињата да одат во градинка.

Така што продолжуваме и понатаму да се залагаме за тие про семејни политики и вредност”, рече Христијан Мицкоски премиер на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски:Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

ДЕСК

Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, порача СДСМ

ДЕСК

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

ДЕСК