Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

МФ: Кон компаниите пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра.

Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шест исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра.

Средствата коишто во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од 250 милиони евра се обезбедија по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и исто така по поволни услови се пласираат кон крајните коринсници, односно домашните компании. Каматната стапка на годишно ниво изнесува 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Поскапување: РКЕ донесе одлука за корекција на цените на горивата

ДЕСК

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК