Двајца 13-годишници тешко го повредија сопственикот на киоск во петокот вечерта во Дортмунд. Непосредно пред полноќ го нападнале со мачета, објавува „Билд“. Мажот бил итно опериран и е надвор од животна опасност.
Напад без никаква причина
Според официјалното соопштение, малолетниците влегле во киоскот и го нападнале сопственикот, без предупредување. Локалните медиуми јавуваат дека бил удрен по главата со мачета додека мажот се обидел да се одбрани со рацете. Едниот палец му бил ампутиран, а прстите на другата рака му биле тешко повредени. Тој исто така добил повреди на градите и ногата.
Полицијата набргу ги пронашла двајцата малолетници во непосредна близина на местото на нападот. Според извештаите, кај нив е пронајдена и мачета. Бидејќи се помлади од 14 години, според германскиот закон тие не може да бидат кривично одговорни, па затоа се предадени на нивните родители. За случајот бил информиран и центарот за социјална помош.
Имено, едно од момчињата веќе им било познато на социјалните служби поради ризично однесување. Во Германија кривичната одговорност почнува на 14-годишна возраст, па затоа децата под таа возраст не се кривично одговорни, дури ни во случаи на најтешки насилни дела./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


