Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти

Соопштение на СДСМ:

Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани.

СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење.

Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна во Унгарија а уште десетици други функционери на ДПМНЕ завршија на суд за криминал, корупција, прислушување и бројни злоупотреби.

Таквите се нивните „редови“ и денеска. Истите шеми за испумпување на пари од граѓаните, истите местења тендери на фирми блиски до власта.

Скандалот со една фирма со двајца вработени, која за 6 месеци добила тендери тешки речиси 9 милиони евра е потврда за тоа што го говориме.

СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја коруптивна шема на оваа власт и да ја брани државата од новите бандити.

Работата сè уште не е завршена.

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

ДЕСК

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони во енергетиката

ДЕСК

Фрчкоски: Фокусот на мене е дефокус од мигранти за пари, криминал и корупција

ДЕСК