Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Центар прв блесна, украсени десет локации

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека целосно е завршено украсувањето на општината за претстојните празници.

„Центар блесна уште пред неколку дена. На повеќе локации е украсено, почнувајќи од Дебар Маало, улиците Орце Николов, Боемска, Сквер Јадран, двата парка во Капиштец, плочникот кај Агромеханика , вкупно десет локации во општината се накитени. Целта ни е да ја разбудиме новогодишната магија и да создадеме убава празнична атмосфера во која ќе уживаат и нашите најмали, децата“, рече градоначалникот во гостување на утринската програма на МРТВ.

Герасимовски најави дека и годинава општината подготвува богата културно-уметничка програма за празниците.

„Ќе имаме неколку настани во декември. Подготвуваме централна вечер, која традиционално ја правиме неколку дена пред самата новогодишна ноќ. Планираме неколку изведувачи, се разбира македонски , тоа е наш белег, да ја промовираме и негуваме домашната музичка сцена. Ќе има и диџеј, но и интересни дружби со нашите најмали. И оваа година продолжуваме со одличниот настан „Џез под ламбa“. Ќе има и многу други изненадувања за центарци, но и за сите оние што ќе бидат наши гости за празниците“, истакна Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 356 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ – Рекордни јавни набавки

ДЕСК

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ – Гази Баба заслужува современи и безбедни улици

ДЕСК

Извршена есенска дезинфекција и дератизација на територијата на Општина Илинден

ДЕСК