Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ја подготвуваме буџетската програма за наредната година, ги повикувам граѓаните да даваат предлози и идеи

Градоначалникот Горан Герасимовски, во утринската програма на МРТВ потенцираше дека Општина Центар веќе ја подготвува буџетската програма за наредната година, кадешто во текот на месец декември ќе се одржи уште еден буџетски форум.

„Ги повикувам граѓаните да даваат предлози, не само на форумот што го подготвуваме, туку и преку анкетите преку кои ќе можат да достават свои иницијативи и идеи за новата програма. Ова не е нешто што го оставаме за крајот на годината, напротив, оваа програма ја пишувавме последните шест месеци заедно со граѓаните, преку маалски средби, разговори, дискусии. Како и претходните четири години, така и во наредните, продолжуваме со секојдневната интеракција со граѓаните. Секој вторник и четврток тие можат да дојдат во општината, да се информираат, разговараат со службите, да дадат свое мислење или барање“, истакна Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК