Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во Кичево: Поднесена пријава против музичари од Босна и Херцеговина, настапувале во објект во Кичево без содветна работна дозвола

На 29/30.11.2025 од страна на ОВР Кичево и РЦГР Запад, во координација со Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат, врз база на претходно изготвен план, е спроведена засилена акциска контрола во угостителски објекти во Кичево. При тоа, при контрола на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, затекнати се Џ.Р.(23), како пејачка и К.Џ.(27), Е.П.(25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), како членови на музички бенд, сите од Босна и Херцеговина, кои вршеле работа без претходно обезбедување на соодветна работна дозвола, со што сториле прекршок по член.23 став.3 од Законот за странци („Службен весник на РМ.„ Бр. 97/2018 и 108/2019), казнив според член 217, став 1, точка 2, од истиот закон, за што им е поднесена прекршочна пријава до Основен суд Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК