Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шведската компанија Волво се приклучува кон реализација и развој на средното стручно образование во Македонија

Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, а наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија Волво Груп. На почетокот, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот на формално стручно образование.

По овој повод денес училиштето го посетија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, шведската министерка за европски прашања Џесика Розенкрац и повеќе претставници на Волво, шведската амбасада и на швајцарската развојна организација Хелветас, каде остварија средба со училишното раководство, наставниците и учениците.

„Среќна сум што Македонија добива нови партнери во заложбите за континуиран развој на средното стручно образование, кое нема да биде скромно ако кажам дека е силна страна на националниот образовен систем и затоа мора да продолжи постојано да се надградува. Очекувам да има интерес за новата квалификација затоа што според регионално истражување таа е навистина побарувана и им благодарам на Кралството Шведска и Волво Груп што ќе помогнат во создавањето на квалитетен и потребен кадар во нашето стопанство“, рече Јаневска.

Нагласи дека Владата останува посветена на развој на стручното образование, кое привлекува над 70% од учениците во последните две генерации кои се запишуваат во прва година во средно образование, со фокус на дуалниот модел.

Квалификацијата – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила квалификацијата е овозможена преку склучен меморандум за соработка на Министерството за образование и наука и Швајцарската развојна организација Хелветас во рамки на регионалната програма RECONOMY, финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida).

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +