Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со монтирани случаи и политички прогон ДПМНЕ сака да ги прикрие корупциските скандали на Трипуновски

Соопштение на СДСМ:

Со лаги, монтирани процеси и политички прогон ДПМНЕ се обидува да дефокусира од нивните корупциски скандали во земјоделството.

Додека се уште нема одговорност за мега коруптивниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра, на виделина излезе уште еден скандал.

Токму Владата на ВМРО-ДПМНЕ на скандалозен начин се обидува да испумпа државни пари преку одлука за финансиска поддршка од дури 10 денари за неколку винарии. За лозарите немаше ни 2 ниту 3 денари, но за привилегираните винарии веднаш се најдоа 10 денари.

Ова смрди на корупција и договори во четири очи на грбот и маката на лозарите.

Јасно како ден е дека ВМРО-ДПМНЕ измислува сценарија и прави конструкции, за да го сокрие криминалот во сопствените редови.

Додека земјоделците, лозарите, сточарите ги чекаат субвенциите, ВМРО-ДПМНЕ се богати на нивната мака.

Повиците за „правда и одговорност“ нека ги упатат на Трипуновски, таму е вистинската адреса.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.