Centar.mk
СВЕТ

Поранешниот претседател на Перу осуден на 14 години затвор

Перуанскиот претседател Мартин Вискара (62) е осуден на 14 години затвор за вмешаност во корупциски скандал додека бил гувернер на јужниот регион Мокегва.

Судот, исто така, му забрани на Вискара да извршува јавна функција девет години, како и парична казна.

Се очекува веднаш да почне да ја издржува казната. Но, Вискара навести дека планира да поднесе жалба на пресудата.

„Ова не е правда, ова е одмазда. Но, тоа нема да ме скрши“, напиша тој на социјалните мрежи како одговор на пресудата.

Примање мито за големи проекти

Тој беше прогласен за виновен за земање мито во вредност од над 600.000 долари во замена за доделување договори за големи проекти во Мокегва./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +