Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Од Гевгелија до Радовиш: Полицијата “собори” петмина – дрога, оружје и сомнителна опрема!

Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства.

На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија лишија од слобода лице(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

На 26.11.2025 во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија лишија од слобода лице(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.

Исто така на 26.11.2025, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш лишија од слобода три лица на возраст од 24 до 44 години. При преглед на лицата, кај едниот (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Соддржината е заштитена.