Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НЕ Е ТОЧНО ДЕКА Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – По изјавата на премиерот се огласи Уставниот Суд

Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување).

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука.

Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.

Во однос на прашањата, дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година) бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет.

Можеби ќе ве интересира

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

ДЕСК

Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

ДЕСК

Нова тура апсења на повеќе локации во Скопје: Седум лица лишени од слобода

ДЕСК