Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Алиу во Турција: Ја посетив градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани.

Во рамки на посетата, министерот се сретна со д-р Али Емре Акгун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување.

– -Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите кои ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница Анкара Билкент беа хоспитализирани шест пациенти, за кои беше обезбеден врвен третман од страна на медицинските тимови според европски стандарди. Со раководството на болницата ги разгледавме можностите за продлабочување на соработката и натамошна размена на искуства, истакна министерот Алиу во рамки на посетата.

Министерот Алиу изрази особена благодарност до раководството и медицинските тимови од болницата за исклучителната посветеност во грижата и третманот на повредените лица од Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Дневен хороскоп за 13-ти јануари – Судбоносен ден за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК