Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

“ПАДНА” И ПРИТВОР: Едниот вршел обљуба врз малолетничка, а другиот ја снимал и потоа ја уценувал – страшен настан го потресе Охрид

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.

На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода.

Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал.

Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК