Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Хрватска нема да ја купи српската нафтена компанија НИС

Хрватска нема намера да се стекнува со средства на српската нафтена компанија НИС, изјави вчера за новинарите претседателот на земјата, Зоран Милановиќ.

„Хрватска има поитни проблеми поврзани со енергетската компанија ИНА, а кој и да ја купи НИС… сигурно нема да биде Хрватска“, ја цитираше неговата изјава хрватската телевизија ХРТ.

Претходно, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Загреб е подготвен да влезе во сопственичката структура на компанијата НИС доколку тоа ги реши нејзините проблеми. Според него, тоа би било во интерес и на Хрватска и на Србија.

Претходно во вторникoт, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека српската рафинерија за нафта НИС (дел од Газпром Нефт) се префрлила на режим на намалена циркулација поради недостиг на нафта како резултат на санкциите на САД.

Како што е објавено, НИС, која е подружница на Газпром Нефт, беше вклучена на списокот со санкции на САД на почетокот на 2025 година. Во врска со ова, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека САД бараат целосно повлекување на рускиот капитал од таму .

Тој потсети дека во 2008 година српската влада ја префрлила контролата врз НИС на „Газпром Нефт“ и дека во последните години компанијата придонела за добивање значителни приходи во српскиот буџет, како и за развој на многу проекти.

Моментално, главни ко-сопственици на НИС се „Газпром Нефт“ (44,85%) и властите на Србија (29,87%)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +