Centar.mk
СВЕТ

Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ за преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Стразбур изјави дека Русија го ескалира насилството секој пат кога ќе има напредок во преговорите за Украина. Таа рече дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува дека може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници.

Фон дер Лајен ги претстави црвените линии на ЕУ: нема прифаќање на еднострано менување на граници, ниту ограничување на украинската армија, затоа што тоа би ја направило ранлива на идни агресии. Таа ја поздрави иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир и истакна дека се работи на текст за мировен договор.

Фон дер Лајен најави дека ЕК подготвува правен документ за користење на замрзнатиот руски имот за обновата на Украина, нагласувајќи дека европските даночни обврзници не смеат сами да ја носат финансиската тежина. Таа додаде дека иднината на Украина е во Европската унија и дека тоа е клучен дел од секој безбедносен договор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 7,6 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

ДЕСК

(Видео) Мамдани објави водич за имигранти: „Вака треба да реагирате ако ве пресретне имиграционата“

C +

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

C +
error: Соддржината е заштитена.