Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. Претседателот Гаши му упати искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави.

Во разговорот беше нагласено дека Република Северна Македонија и Швајцарија одржуваат одлични билатерални односи, засновани на доверба, почит и континуирана партнерска соработка. Посебно беше истакната поддршката што Швајцарија ја обезбедува во процесот на европската интеграција на нашата држава, како и значењето за натамошниот развој на парламентарната соработка меѓу двете законодавни тела.

Претседателот Гаши изрази благодарност за поддршката во рамки на Програмата за поддршка на Собранието, со посебен акцент на развојот и зајакнувањето на институционалните капаците на Собранието, меѓу другото и на Парламентарниот институт, проект кој претставува трајно наследство и пример за успешно партнерство.

Амбасадорот Зомер се заблагодари за топлото гостопримство и ја пофали досегашната соработка меѓу двете земји, особено на парламентарно ниво. Тој истакна дека започнува мандат во период одбележан со значајни постигнувања во билатералните односи и изрази очекување дека со заеднички напори ќе продолжи унапредувањето на соработката во сите области, вклучително и дополнително поттикнување на економската соработка.

Двете страни изразија подготвеност за продолжување на заедничките проекти, продлабочување на институционалната соработка и јакнење на партнерството меѓу двете држави.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК