Centar.mk
фотографијата е на центар.мк
-БИЗНИС

Рекорден интерес кај младите: Потпишани договорите за мерката „Самовработување“ од Оперативниот план

Во просториите на Владата, денеска беа потпишани договорите со корисниците на мерката „Самовработување“ од Оперативниот план за 2025 година.
На јавниот повик аплицираа 6.045 граѓани, а 2.545 од нив се избрани да продолжат со реализација на своите бизнис-проекти. За мерката во 2025 година се обезбедени 25 милиони евра, што претставува двојно зголемување во однос на 2024 година.

Особено значајно е високото учество на млади лица до 29 години, кои се препознаени како двигатели на новата економска енергија. Во 2026 година, младите ќе добијат и дополнителни форми на поддршка за отворање сопствен бизнис и побрзо вклучување на пазарот на труд.
-На сите кои денес започнуваат нова бизнис-приказна им честитаме и им посакуваме успешна реализација. Новите претприемачи се важен дел од локалниот економски развој, креирањето нови работни места и позитивните промени што ја движат државата напред, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Министерството и Владата остануваат посветени на создавање стабилни услови за раст, одржливост и развој на секој нов бизнис. Поддршката е насочена кон младите претприемачи, лицата кои прават кариерен пресврт и здружените претприемачи кои покажуваат дека соработката носи најдобри резултати, а мерката се спроведува преку Агенцијата за вработување.

error: Соддржината е заштитена.