Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради одрон затворен еден патен правец

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 07:55 ч. има прекин на сообраќај на регионалниот пат Р 1307 с.Царев Двор – с.Отешево, кај с.Сирхан м.в.Пиргон (Ресен), поради одрон.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК