Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Антонијо Милошоски ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска во Стокхолм, Кралството Шведска.

Во составот на Делегацијата е и Бобан Стојаноски заменик-генерален секретар на Собранието.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Андреас Норлен, Претседател на Парламентот на Kралството Шведска.
На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти,10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, Вториот Самит се одржа во 2023 година во Прага, Чешка Република а Третиот парламентарен самит се одржа во 2024 година во Рига, Летонија.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК