Centar.mk
фото Собрание на РМ
-МАКЕДОНИЈА

Средба Џафери – Буршаков: Потенцијали за зголемена трговска размена со Казахстан

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, оствари средба со казахстанскиот амбасадор Сатибалди Буршаков.

Двајцата соговорници изразија задоволство од првата меѓусебна средба во годината кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Казахстан и овогодинешното отворање на Амбасадата на Република Казахстан во Скопје.

Амбасадорот Буршаков информира за политичкиот и општествениот живот во Казахстан, за огромните ресурси со кои располагаат и за трговската размена со соседните, но и другите земји, вклучувајќи ја и Европската Унија. Во овој контекст стана збор за конкретни идеи и иницијативи во насока на зголемување на економската соработка со нашата земја во области од двостран интерес.

Како битен натамошен фокус беше потенцирано што поскоро воведување безвизен режим, со цел олеснето патување на граѓаните, развој на туризмот и зближување на народите.

Исто така, беше предложено зајакнување на парламентарните односи преку двонасочни посети на Комисиите за надворешни работи и трговија, но и Пратеничките групи за соработка, што беше едногласно прифатено од двете страни.

фото Собрание на РМ

error: Соддржината е заштитена.