Centar.mk
ЛОКАЛНО

Скопје во турбо режим: Над 1.000 решенија завршени за само еден ден!

Градот Скопје со забрзано темпо изготви 1.032 решенија поврзани со даночни и административни обврски, со што, како што информираат од градската администрација, се демонстрира ново ниво на ефикасност и навремено сервисирање на потребите на граѓаните.

Според градските власти, само во текот на денешниот ден биле потпишани вкупно 1.032 предмети од различни категории – решенија за данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунални такси за фирмарина. Од Градот нагласуваат дека сите правни основи ќе се обработуваат со забрзана динамика која ќе стане стандард во функционирањето на институцијата.

Изготвените решенија, велат надлежните, во најкраток можен рок ќе бидат доставени до даночните обврзници.

Од Градот додаваат дека ниедно решение без правен спор нема повеќе да чека во административни постапки, при што се воведува ред, одговорност и навремено постапување, онака како што било ветено во изборната програма.

„Граѓаните мора да ги добиваат услугите тогаш кога им се потребни – тоа е принцип од кој нема отстапување,“ истакнуваат градските претставници.

Паралелно, Градот Скопје презема интензивни активности за зголемување на приходите со цел навремено подмирување на обврските во интерес на сите граѓани. Се упатува апел до сите физички и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите финансиски задолженија кон Градот.

„Време е сите да дадеме свој придонес. Заедно, да го придвижиме Скопје напред,“ порачуваат од администрацијата.

error: Соддржината е заштитена.