Centar.mk
СВЕТ

Рубио: Трајниот мир во Украина бара тешки отстапки од двете страни

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека завршувањето на војната во Украина бара и Русија и Украина да се согласат на „тешки, но неопходни отстапки“.

„За да се заврши сложена и смртоносна војна како онаа во Украина, потребна е широка размена на сериозни и реални идеи. Затоа развиваме и ќе продолжиме да развиваме список на потенцијални идеи за завршување на оваа војна врз основа на придонесите од двете страни во овој конфликт“, напиша Рубио на X.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела одобри план од 28 точки за мир меѓу Русија и Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +