Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Отворена општина за најмладите, градиме одговорни граѓани

Во Општина Центар се одржа серија едукативни посети на ученици од повеќе општински училишта, во рамки на наставната тема локална самоуправа.

Градоначалникот Горан Герасимовски на четвртоoдделенците им ја доближи работата на општината и начинот на кој функционира локалната самоуправа, им објасни и како се донесуваат и реализираат одлуките што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.

Децата внимателно ја следеа презентацијата и со голем интерес поставуваа прашања за надлежностите и работата на општината.

„Ми беше чест да им ја доближам работата на Општина Центар на најмладите. Ваквите средби се важни затоа што го поттикнуваат нивниот интерес и свесност за тоа како функционира нашата заедница,“ истакна Герасимовски.

Во рамки на посетата се реализираше и едукативната работилница „Нацртај го своето стебло“, во соработка со Сојузот на извидници како дел од проектот „Боренка“, со цел подигнување на свеста за значењето на зачувувањето на животната средина и обновата на опожарени подрачја.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК