Centar.mk
ЛОКАЛНО

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 23 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“.

Во изминатиот период се изврши машинско чистење на Сисавец на Главен канал, горна зона во должина од 2300 метри, од влезот на обиколницата кон Белви, потоа извршено е машинско чистење на Главен канал од делот со правните субјекти на улица „32“ кон автопатот, железничката пруга и централниот дел на Илинден во должина од 700 метри, Ободен канал во н.м. Илинден во должина од 2500 метри од локалната економска зона Стопански комплекс Илинден кон локалната економска зона Карагач.
Согласно предвидената динамика во тек е машинско чистење на Сува река во н.м. Миладиновци која ќе продолжи кон населените места Текија и Дељадровци во должина од 4000 метри.

Со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението. фото Општина Илинден

error: Соддржината е заштитена.