Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Добиени се повеќе пријави за свлечишта и одрони на патот

Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар-Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, известија од Центарот за управување со кризи.

Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, додаваат од ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СИН ЈА ЗАПАЛИЛ КОЛАТА НА МАЈКА СИ ВО СКОПЈЕ – Потоа се заканил дека ќе го запали и станот

ДЕСК

МВР СО СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО РОДИТЕЛИТЕ – Опасна интернет-група ги таргетира децата преку игри и социјални мрежи

ДЕСК

ВРАБОТЕН ВО МВР ПОВРЕДЕН ПРИ ПАД ОД МОТОЦИКЛ – Пренесен на Клиниките „Мајка Тереза“

ДЕСК