Centar.mk
ЛОКАЛНО

Поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација низ општина Илинден

Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории, пешаците и велосипедистите.

Во рамки на Програмата за одржување на патната инфраструктура на Општина Илинден, поставена е нова хоризонтална сигнализација на неколку значајни локации низ општината. Извршено е обележување на надолжна бела линија на локалниот пат Кадино–Мралино во должина од 500 метри, на локалниот пат Кадино–излез кон автопат М3 во должина од 1000 метри, како и на локалниот пат Кадино–Миладиновци, излез кон автопат М1 во должина од 7000 метри. Дополнително, обележана е надолжна линија на локалниот пат Илинден–Ајватовци–Мршевци во вкупна должина од 6000 метри. Покрај, хоризонталната сигнализација, на неколку локации низ општината, извршено е и поставување на нова вертикална сигнализација.

Со овие активности се подобрува читливоста на коловозната сигнализација, се зголемува дисциплината во сообраќајот и се намалува ризикот од несреќи, особено на критични делници и места со зголемен интензитет на движење. Во таа насока, Општина Илинден ќе продолжи со вложувања во модернизација на патната мрежа, како и со поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација со цел создавање побезбедни услови за сите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.