Centar.mk
СВЕТ

Британскиот парламентарен комитет: Не сме подготвени да се браниме од инвазија

Одборот за одбрана на Долниот дом на британскиот парламент заклучи дека лабуристичката влада многу бавно напредува во исполнувањето на своите обврски во областа на одбраната од обновени закани од Русија и Кина, објави денес британскиот „Телеграф“.

Во извештајот на Комитетот се наведува дека Лондон не ги исполнува своите обврски од член 3 од договорот на НАТО за „одржување и развој на индивидуални и колективни капацитети за спротивставување на вооружен напад“.

Комитетот, исто така, предупреди дека Велика Британија речиси и да нема интегрирани системи за противвоздушна и противракетна одбрана, како и дека нема план за одбрана на својата територија и прекуокеанските територии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

C +

Русија подготвува голема провокација во наредните денови, предупредуваат украински разузнавачи

C +

Сопственичката била во барот кога избувнал пожарот

C +