Centar.mk
РЕГИОН

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина на административната линија со Косово, вчера околу 15 часот, објави вечерва Радио-телевизија на Србија (РТС), а пренесе Данас.рс.

Инцидентот се случил во подножјето на брдото Шоп, каде што вооружената група испукала 15 истрели во правец на патрола на српската армија. Според РТС, во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на војниците.

По нападот, вооружената група избегала со шест џипови во правец на Косово. Базата „Дебела Глава“, во близина на која се случила пукотницата, се наоѓа во Копнената безбедносна зона./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Грција ослободува резерви: 2 милиони барели за стабилизација на пазарот

C +

Земјотрес ја погоди Грција: 4,6 степени

C +

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

C +