Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Морска пена го преплави Даблин по силното невреме

По силниот ветер и обилните врнежи кои ги донесе олујата Клаудија, долж брегот на Даблин се појави необично големо количество морска пена, особено во регионот на Лохшин. Метеоролозите објаснуваат дека станува збор за природен феномен што настанува кога морската вода богата со органски материи се разбранува, а ветерот ја нанесува пената кон копното.

Локалните жители велат дека ваква количина пена не е забележана со децении. Портокалово предупредување за дожд е во сила за Даблин и уште два окрузи, а олујата предизвика и поплави во делови од Велика Британија и Ирска. Во Леичестершир се измерени речиси 100 милиметри дожд во последните 24 часа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја стресе Турција

ДЕСК

Шпанскиот премиер повикува на создавање ЕУ војска: „Не за 10 години, туку утре“

C +

Трамп му постави нов ултиматум на Иран

C +